На 01 декември 2012 година, со почеток во 11.00 часот во Малата сала на Домот на културата во Битола се одржа средба во проширен состав на Кабинетот на дистриктот и Претседателите на сите клубови во дистриктот. На средбата на која присуствуваа и меѓународниот претседател Вејн А. МЕДЕН, поранешниот меѓународен директор Фил НЕЈТАН, поранешните претседавачи на совет на гувернер на мулти дистрикт 105 Брајан РАЈЛИ и Филип ГУДИЕР се работеше според следниот дневен ред:
1. Статус на дистриктот и развој на членство и лидерство во 2012/2013 година - 10 минути;
- Извештај од одржаната координативна средба за GMT/GLT со Тимот на гувернерот на дистриктот од 14 ноември 2012 година.
Во извештајот кој го презентирав пред сите присутни истакнав дека се од одржувањето на овој состанок во дистриктот функционираат 39 клубови и 940 членови, што е мал пад во однос на почетокот на годината и во однос на економската криза која ја погоди државата.
Кога станува збор за активностите, посочив дека е забележан пораст на активностите, како и пораст на вложеното волонтерско време за спроведувањето на истите. Како за споредба, на крајот на минатата година беа имплементирани 126 активности со приближно 6000 волонтерски часови работа и во вредност од приближно 100.000,00 долари. Оваа година, за само три месеци имплементирани се 106 активности со приближно 5000 волонтерски часови работа и во вредност од приближно 40.000,00 долари.
Клубовите редовно одржуваат состаноци, а во досегашниот период имав можност да посетам дел од нив на нивни редовни средби, прослави, настани и сл. Зонските претседавачи, исто така, редовно одржуваа средби со клубовите, а некои од нив ги свикуваа и Советодавните комитети на гувернерот на дистриктот за што постојат и писмени белешки. Во претстојниот период ќе продолжи истиот начин на работа, а на средбите на советодавните комитети ќе учествуваат и вице-гувернерите на дистриктот.
2. Годишна програма за 2012/2013 - 25 минути;
- Состојба со реализирани активности и постигнати цели за годината 2012/2013.
- Извештаи од: Региските претседавачи (3 минути)
Елизабета Србиновска-Костовска (
Исполнуваме желби) - Во нејзино отсуство известив дека подготвена е платформа за соработка со бизнис заедницата и финансиска конструкција со која ќе може да се започне со работа на фондот во текот на Јануари 2013 година. Предвидено е проширување со дополнителни донации и учесници во фондот, а до крајот на годината ќе се работи само со Детската клиника во Скопје.
Слободан Вукиќевиќ (Прославуваме јубилеи) - Извести дека спроведувањето на проектот е во тек, а досега има неколку клубови кои се вклучени во истиот. Активноста најчесто оди директно од самите клубови, а структурата за координација допрва ќе започне да ги покажува вистинските резултати.
Михајло Ширгоски (Меѓународна програма на активности) - Укажа дека оваа година се преземаат повеќе активности во речиси сите меѓународни програмски активности на LCI. Завршен е националниот натпревар за Peace Poster, во завршна фаза е и оној за есеј, а се подготвува конечната имплементација и на уште неколку други програми. Показател за успешноста е дека за натпреварот за Peace Poster каде имавем очекувања да имаме 50 учесници, добивме дури 150 пријави.
Љубица Ангелкова-Манговска (Комуникации) - Напомена дека годинава се прават многу активности за подобрување на состојбата на комуникациите, а пример се месечните обраќања, магазинот и другите форми на комуницирање. Она што недостига на дистриктот мора да биде надминато во текот на следниов период, а тоа е подготовка и објавување на целосен адресар на сите членови, како и монографија со која ќе се одбележат двата јубилеи 15 и 5 години Lions Clubs International во Македонија и Lions дистрикт 132 Македонија.
- Одделни координатори во кабинетот на гувернерот (2 минути)
Александар Зафироски -
Lions Quest - Извести дека по добивањето на грантот за партнерство со Меѓународните училишта НОВА се очекува обуката на наставниците на 14-15 декември 2012 година и потоа почеток на имплементацијата на проектот во следниот семестар. Дополнително се прават обиди да се прошири проектот со вклучување на други училишта и од јавното образование.
Марина Свиличич - LCIF - Извести дека одлучила да направи измена на досегашната стратегија за работа. Сега веќе активно ги посетува клубовите во кои ја презентира фондацијата и се промовираат можностите за проектни апликации. Според неа постојат најави за уште неколку нови проекти кои целосно ќе ја исполнат, дури и ќе ја надминат квотата дозволена за еден дистрикт, а веќе е поднесена една апликација од Lions клубот СВ. ПАНТЕЛЕЈМОН.
Гоце Бурзевски - Младинска размена - Извести дека е подготвена програма за младинска размена која во наредната година ќе опфати 12 млади од странство, односно повеќе од 30 млади од Македонија. Според програмата младите од странство ќе престојуваат во Скопје, Битола и во Охрид, а ќе имаат можност да посетат и други градови и да видат дел од природните убавини на Македонија. Дополнително ќе биде подготвена сеопфатна презентација која на членството ќе му биде понудена во наредниот број на LION магазинот на македонски јазик.
Јулија Пишпецка - LION магазин - Потсети дека досега се објавени 4 броеви на LION магазинот на македонски јазик, а во подготовка е 5тиот. Во досегашните изданија третирани се различни теми, а секогаш имало и различни учесници автори, автори на фотографија и соработници.
Емил Лазаревски - International Twinning - Извести дека има направен план според кој ќе може да се влезе во реализацијата на оваа активност. Целта е барем 5 збратимувања на ниво на клубови, односно дистрикт. Финализирањето на оваа активност ќе се случи во текот на месец март 2013 година.
3. Обраќање на меѓународните гости - 40 минути;
Во овој дел се случи обраќањето на Меѓународниот претседател Вејн А. МЕДЕН кој на присутните им зборуваше за повеќе теми. Најнапред во своето обраќање, меѓународниот претседател се осврна на тимската работа и користа од истата, како и на развојот на членството при што спомена дека во досегашниот период забележан е пораст од приближно 12.000 нови членови. Зборувајќи за активностите укажа дека во рамките на неговата кампања за промоција на читањето и борба против неписменоста успешно се реализирани дури 30.000 активности ширум светот. Претседателот не потсети на Club Excellence Award и на условите за нејзиното добивање, а објасни и за можностите кои ги нуди LCIF и другите програми за активирање на клубовите и служење на заедницата. Тој на крајот ги предизвика сите присутни во годината во која зборуваме за служењето во светот или за светот на служењето да се вратиме во своите заедници и да помогнеме преку служењето да се променат, односно да продолжиме да го споделуваме духот на служењето со другите членови на асоцијацијата. Неговите последни зборови беа: „До гледање во Скопје, во мај 2013 година!“
4. Доделување на награди и признанија - 10 минути;
Ова беше моментот кој меѓународниот претседател го искористи на сите присутни раководители да им подари знаме на пријателството, своја значка и шал за дамите, односно вратоврска за господата. Откако го стори тоа им заблагодаривме на Центарот за култура од Битола за отстапениот простор и опремата, а на директорот lion Борче Димитровски му подари знаме на пријателството.
На крајот на сите им објаснивме дека ова е моментот во кој на заслужните членови треба да им кажеме благодарам за нивниот ангажман, посветеноста и иновативноста. Најнапред на lion Звонимир Цветановски со Certificate of Appreciation му кажавме благодарам за трудот кој го вложува во развојот на лидерство во дистриктот, за изградената структура и успесите во досегашниот период во обука на клубските и дистрикт раководството.
Следуваше lion Брајан Рајли на кој со Certificate of Appreciation му кажавме благодарам за неговото пријателство и за трудот кој го вложува во правењето на одделни клубови од нашиот дистрикт да бидат исклучителни, а нивните членови вистински lions-и. Воедно, по меѓународниот претседател, јас му реков: „Брајан, ако не беше онаа наша комуникација и случајноста пред неколку години, немаше воопшто да те запознаам. Сношти броевме колку пати досега си бил во Македонија, а јас знам дека секогаш кога доаѓаш неуморно работиш со нашите клубови. Моето пријателство ќе го имаш засекогаш, а сега ја имаш и мојата благодарност.“ Тогаш му доделив District Governor's Appreciation Medal.
Претпоследен во оваа група беше lion Марјан Талев кој од сите зонски претседавачи се истакнува со квалитет и упорност на вистински лидер, ментор, соработник, пријател. Бидејќи е модел, бидејќи од него треба да учат и да се угледуваат другите, меѓународниот претседател на моја препорака му додели International Leadership Medal.
Конечно, последниот во групата не е последниот на кој се сеќаваме, туку напротив првиот кој го споменуваме. Нашиот прв гувернер на дистриктот, lion Небојша Давидовски, затоа што, со зборовите на меѓународниот претседател, „беше одличен ментор на сите наредни гувернери“ му додели International President's Medal.
Сум го видел Небојша израдуван и друг пат, но никогаш повеќе изненаден. Се разбира среќен бев и јас. Последните, наградите, ме израдуваа исклучително многу секоја поразлично од другите, а фактот дека успеав во намерата ова да не биде монолог состанок ме воодушеви.
5. Разно - 5 минути.
Под точката разно немаше дискусија, па на присутните им дадовме можност да уживаат на денот и да се придружат на многуте акции кои ги спроведуваа нашите клубови во градот.