ВИЕ ДАВАТЕ МАЛКУ АКО ОД БОГАТСТВОТО СВОЕ ДАВАТЕ. САМО КОГА ДАВАТЕ ОД СЕБЕ ВИСТИНСКИ ДАВАТЕ.
ИМА ТАКВИ ШТО ДАВААТ МАЛКУ ОД ОНА ШТО ГО ИМААТ – И ГО ДАВААТ ТОА ЗА ДА БИДАТ ВИДЕНИ ОД ДРУГИТЕ И НИВНАТА СКРИЕНА ЖЕЛБА ГИ ОБЕЗВРЕДНУВА НИВНИТЕ ДАРОВИ.
ИМА И ТАКВИ ШТО ИМААТ МАЛКУ И СЕ ДАВААТ. ТИЕ СЕ ВЕРНИЦИ НА ЖИВОТОТ И НА ДАРЕЖЛИВОСТА НА ЖИВОТОТ И НИВНИОТ АМБАР НИКОГАШ НЕ Е ПРАЗЕН.
ИМА ТАКВИ ШТО ДАВААТ СО РАДОСТ И ТАА РАДОСТ ИМ Е НАГРАДА.
ДОБРО Е ДА СЕ ДАДЕ КОГА НЕКОЈ МОЛИ, НО ПОДОБРО Е ДА СЕ ДАДЕ НЕЗАМОЛЕН, СО РАЗБИРАЊЕ., И НА ЧОВЕКОТ СО ШИРОКА РАКА ПОГОЛЕМА РАДОСТ БАРАЊЕТО ДА СЕ НАЈДЕ ОНОЈ ШТО ЌЕ ПРИМИ Е ОД САМОТО ДАВАЊЕ.
ИМА ЛИ НЕШТО ШТО ЌЕ ЗАДРЖИТЕ?
СЕ ШТО ИМАТЕ ЕДЕН ДЕН ЌЕ СЕ РАЗДАДЕ..., ЗАТОА ДАВАЈТЕ СЕГА, ЗА ВРЕМЕТО НА ДАВАЊЕ ВАШЕ ДА БИДЕ, А НЕ НА ВАШИТЕ НАСЛЕДНИЦИ.
Во црно-белиот свет во кој секој се снаоѓа онака како што умее, само подарувањето може да го обои хоризонтот и да го затопли срцето. Црно-белиот Бал успешно, веќе 6та година по ред го прави токму тоа, го обојува светот и ги топли срцата. Преку забавата и дружењето ги топли срцата на учесниците, а преку подарувањето на оние на кои им е потребна помош.
Оваа година, балот беше под покровителство на Обединетото Кралство, а во знак на Македонско-Британското пријателство. Темата беше Џејмс Бонд, а низ звуците на секогаш популарниот Брит-Поп сите гости (по нивните зборови) ја имаа можноста да уживаат на „најпрекрасната и најуспешна забава до сега“.
No comments:
Post a Comment