И покрај тоа што според програмата редовната посета на Lions клубот СКОПЈЕ беше закажана за многу подоцна во фискалната програма, веднаш по заминувањето на меѓународниот претседател од дистриктот добив исклучителна покана за посета на состанок во овој клуб. Поводот според информацијата од секретарот на клубот беше добиениот петти претседателски медал (International President's Medal) за нашиот пра-lion и прв гувернер на дистриктот Небојша Давидовски. Се разбира, јас знаев и поинаку, дека има уште еден скриен мотив, но не кажував ништо.
Како втора точка на дневниот ред беше предвидено обраќање на претставници на дистриктот. Среќа! Среќа што претседателот ја формулирал вака точката на дневниот ред и што најпрвин ми даде шанса да се обратам јас. Несакајќи да биде тоа предолг состанок и да има премногу предавања, обраќања и сл. реков: „Благодарам претседателе на укажаната чест, дали, меѓутоа, можеби некој друг сака да се обрати пред да зборувам јас? Знаете, откако ќе зборува гувернерот, потоа веќе никој не зборува!“ Ова се разбира беше шега, но совршено се вклопи. Ги прескокнавме сите предавања, а сите клубови добија една лекција дека кога имаат шанса да слушаат гувернер, било кој друг lion, офицер на дистриктот нема потреба да зборува.
Зборувајќи за програмата на меѓународниот претседател Меден го пофалив клубот за направените акции за поддршка на две локални библиотеки. Потоа им обрнав внимание на Club Excellence Award и на мојата определба најголемиот дел од клубовите да побараат и секако да добијат ваква награда. Зборував поединечно за секој одделен критериум и ги потсетив на потребата од пораст на членството, информирањето, следњето на правилата во работата и конечно донирањето на нашата фондација. Наместо пауза од целокупното излагање се навратив на почетниот разговор и на хронологијата на настаните, односно 10 декември низ историјата, па реков: „На истиот датум е роден и добитникот на петтиот претседателски медал, прв гувернер на дистриктот и пра-lion Небојша Давидовски кој одбележува јубилеј 60 години живот, а според својата посветеност и определба да служи на заедницата 120 години lion-истичка активност.“
Следуваше „Happy Birthday“ од сите присутни и повик да продолжи состанокот со забава за сите, а на забавата одлично вино, вкусна закуска и прекрасна дружба.
Нека е за многу години! Да биде жив и здрав славеникот!
Нека е за многу години! Да биде жив и здрав славеникот!
No comments:
Post a Comment