Sunday, December 23, 2012

WE CAN NOW IMAGINE PEACE - THE CONTESTS ARE OVER AND WE HAVE THE WINERS

Им ја отворивме „портата кон светот„ на Денис Арифов, победникот на натпреварот на Постер на мирот и на Виктор Тошевски, победникот на Есејот за мирот 

Завршија националните натпревари за Peace Essay Contest и за Peace Poster Contest и беа избрани претставници на нашиот дистрикт за учество на овие меѓународни натпревари. Годинешната тема на натпреварите беше „Замислувајќи го мирот“ (Imagine Peace). 
Меѓународните натпревари секогаш на различни но сепак блиски теми се одржуваат веќе 25 години. 
Благодарение на учеството на повеќемина наши lions-и, како и благодарение на најактивната досега координација на учеството дистриктот далеку ги надмина утврдените индикатори за успехот. Оваа година имавме пријавени постери од повеќе градови, повеќе клубови и 150 учесници. Комисиите утврдени од страна на Кабинетот на Дистриктот ги избраа најдобрите пријави. 

Победникот на натпреварот за Peace Essay 2012 “Imagine Peace” е Виктор Тошевски

Победник на националниот натпревар за Peace Poster 2012 “Imagine Peace” е Денис Арифов, роден на 29 септември 1999 година (13 години), а неговиот наставник е Коста Хаџи-Антоновски. Спонзор на победникот е Lions клуб Битола.

No comments:

Post a Comment