Tuesday, December 25, 2012

FIFTH ISSUE OF THE LION MAGAZINE IN MACEDONIAN

Денес, конечно го виде светлото на денот петтиот број на LION магазинот на македонски јазик. Темата на овој број е посетата на меѓународниот претседател Вејн А. МЕДЕН и неговата сопруга Линда МЕДЕН, а ќе можете и да прочитате бројни други информации за активности кои се случуваа во изминатиот период. Доцнењето на овој број се случи поради фактот дека претседателот во Македонија присуствуваше на крајот на изминатиот месец и на почетокот на овој, а дел од објавените содржини мораше да бидат претходно авторизирани. Од содржината на магазинот би издвоил информација за вториот состанок на Кабинетот на дистриктот; одржаниот 6ти Црно-бел Бал во Битола; спроведени донации, активности, предлози за соработка и сл.
Уживајте во магазинот!
Петтиот број на LION магазинот на македонски јазик

No comments:

Post a Comment